Вработени

ПРИВАТНАТА УСТАНОВА ЗА ДЕЦА – ДЕТСКА ГРАДИНКА LITTLE ME INTERNATIONAL PRESCHOOL – СКОПЈЕ располага со кадар стручно едуциран, ангажиран, со соодветно образование согласно пропишаното во Закон за заштита на децата, кои поседуваат соодветни лиценци за работа со деца на работни места воспитувач и неговател.
Работата на кадарот ќе биде менторирана од страна на стручно лице со повеќегодишно работно искуство. Истата ќе биде надополнета со стручни мислења од страна на дефектолог, педагог, логопед кои ќе имаат за задача индивидуално следење на развојот кај децата, навремено детектирање на извесни отстапувања во нивниот развој, предлагање и упатување на наредни чекори кои стручниот тим од една страна и родителите од друга страна ќе треба да ги превземат  во нивен интерес.
Која ќе биде улогата на тимот:
  • Следење на карактеристиките и интересот кај децата (за омилени активности, омилени играчки и сл.);
  • Прилагодување на времетраењето на престојот на детето во договор со родителите и нивната можност да се посветат на адаптацијата;
  • Да му помогнат на детето да воспостави нови односи со воспитувачот и децата;
  • Запознавање на детето со средината во која ќе престојува;
  • Запознавање на детето со игровниот материјал, како и со материјалот за креирање;
  • Постепено да го воведуваат детето во ритамот на денот;
  • Да го иницираат и поттикнуваат истражувачкиот дух кај детето;
  • Да создаваат ведар и позитивен амбиент исполнет со музика, смеа, балони...;
  • Навреме да сигнализираат до стручните работници за извесни состојби кај детето кои отстапуваат од неговото однесување, расположение, а особено од неговиот развој;
  • Следење на детскиот развој индивидуално, почитување на детските индивидуални разлики, потреби и предлози при планирањето и реализирањето на воспитно - образовната дејност (интегрирано), мотивирање на децата за различните видови активности, следење и вреднување на воспитно - образовниот процес, самовреднување и рефлексија, водење досие на детето, развивање елементарна способност за самовреднување кај децата, градење партнерство со семејството, соработка со училиштата и локалната самоуправа, почитување на детскиот избор и негово користење во насока на реализирање на конкретните цели, реално планирање, усогласување со можностите, потребите и интересите на децата, условите во потесната и пошироката средина, тимско работење, соработка со стручни, научни и други институции во пошироката средина, обезбедување стимулативна средина, позитивна социо-емоционална клима, нагледност и автентичност во воспитно - образовниот процес, поттикнување на децата кон истражувачки, откривачки, креативни процеси и кон активирање во планирањето и реализацијата на целите.
  • Следењето на постигањата и напредувањето на детето во текот на годината се врши преку доказите во досието на детето, кое се води за секое дете од воспитната група.

Досието на детето содржи: листи за постигнувањата, анегдотски белешки, студии на случај детски изработки, детски искази, изјави, творби во рамките на говорното творештво што се запишани од воспитувачот, снимени со аудио или видеозапис, фотографии на децата од различни активности, детски цртежи, протокол на набљудување.