ВО ЛЕТО - НА МОРЕ, ПЛАНИНА ИЛИ ЕЗЕРО

Ви ја презентираме првата тема и избор на содржини според кои ќе работиме во рамките на креативната работилница во месец

Август 2017 година

НАСЛОВ НА ТЕМАТА :  ВО ЛЕТО - НА МОРЕ, ПЛАНИНА ИЛИ ЕЗЕРО

При воведување на децата во содржината на денот воспитувачот:

  • Ќе користинагледни средства, апликации преку кои со децата ќе воспостави комуникација, ќе го поттикне нивниот интерес и концентрација, ќе ги мотивира на логично размислување, ќе поттикне низа емоции, ќе ги воведе во темата на денот.
  • Ќе користи ликовен материјал кој ќе им го опише, повторно и за него ќе разговара со децата, ќе ги поттикне на истражување, опишување, набројување....
  • Со децата ќе направат заеднички избор на музика која ќе им го разубави амбиентот за работа и истата ќе придонесе за поттикнување на расположението и креативноста кајнив.
  • Заедно, непоседно со децата ќе почнат да творат....
  • Ќе направат куса изложба каде секое дете ќе покаже што направило, ќе биде пофалено, поттикнато за натамошна работа со што позитивни ќе се влијае на правилно формирање и развивање на емоционална стабилност кај детето.
  • Изработката детето ќе ја однесе дома, исто значаен чекор кон правилно градење на детската личност.

Можни ликовни техники и ликовни содржини кои ќе бидат реализирани со децата би биле следниве:

  • Изработка на декоративен сад со морски песок (песок,  вода, темпера, водени боички) ;
  • Изработка на оригам- бротче од хартија (хартија во боја, фломастер, восочни боички);
  • Креираме костими за капење (платно, украси, копчиња...);
  • Моделираме морски плодови ( пластелин, природен материјал-тревки, камчиња...) и уште многу други содржини и активности.

Приклучете го Вашето дете кон креативната група во Литл Ми Интернешнл Прискул.

Овозможете му на детето накратко, во денот, да излезе од секојдневието поминато со баба и дедо.

Проширете му го кругот на другарчиња, разбудете ја и насочете ја позитивната енергија која детето ја носи во себе кон убави краетивни резултати кои и Вам ќе Ви го разубавуваат денот.

Живејте со детето и неговата радост, среќа и задоволство. Бидете ДО НЕГО , А НЕ ПОКРАЈ НЕГО!!!

Запишувањата се во тек!

Искористете ја електронската апликација↗ на нашата WEB страна и аплицирајте за најава за посета на нашата градинка и подетално запознавање со содржината  и можностите кои ви ги нудиме во рамките на креативната работилница.

Овозможете му на Вашето дете да ја отвори портата  на креативноста – порта која значи пат кон  развој на детската личност во целост.