Наша грижа

Проект кој во наредниот период ќе биде инициран, разработуван, содржински осмислуван ќе биде проектот за

“НАША ГРИЖА, А ВАША ЕДУКАЦИЈА ЗА ВАС И ВАШЕТО ДЕТЕ ПРЕД И ПО РАЃАЊЕТО“

Идејата на нашата градинка е да даде максимален придонес во насока на едукација на идните и сегашните родители за многу значајни теми:

  • Психолошка подготовка за родителство;

  • Наметнување на добар, практичен, здрав и организиран режим на денот на вашето дете;

  • Зошто вашиот избор треба да биде ГРАДИНКА , а не лице кое ќе го чува детето во вашиот дом;

  • Зошто е добра инклузијата на деца кои имаат отстапување во развојот – но како истата треба да се организира и спроведува во соработка со стручните лица во градинката;

  • Како да комуницирате со Вашето дете од првиот ден на неговото раѓање и доаѓање дома;

  • Колку и како треба да се вложите во долготрајноста на процесот на доење;

  • Се за доењето, измолзувањето, чувањето на млекото од мајката и сл.

  • Педијатриски преглед на децата;

  • Психолошкиот аспект на доењето;

  • Како децата да ги научите на ред, дисциплина и почитување на правила;

  • Хигиена на детето (техника на капење од најмала возраст);

  • Каде, кога и колку баба и дедо треба и можат да учествуваат и влијаат во воспитувањето, негата и грижата за вашето дете;

  • Исхрана и рецепти за здрава исхрана на вашето дете.

ПОДГОТВИТЕЛНА УЧИЛИШНА ПРОГРАМА (во времетраење од 9 месеци, од 01.09.2017г. до  31.05.2018г.)

Во годината (возраста на детето) пред поаѓање во училиште, во услови и ситуации кога детето воопшто нема посетувано никаква и ниту една воспитно - образовна институција, како многу неопходна, значајна, неодминлива и со ништо незаменлива е потребата и препораката од наша страна ВАШЕТО ДЕТЕ ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ОВАА ПОДГОТВИТЕЛНА УЧИЛИШНА ПРОГРАМА со кој единствена цел ни е:

  • Да го подготвиме детето во насока на неговата физичка зрелост - снаодливост, подвижност, координираност , борбеност, сигурност во своите движења;

  • Да го подготвиме детето во насока на неговата емоционална зрелост - јакнење на самодовербата, самопотврдување и самопочитување на постигнатите резултати, самоспознавање;

  • Да го подготвиме детето во насока на неговата интелектуална зрелост – способност да  учи и стекнува знаења, поттикнување на мотивацијата за учење и поаѓање во училиште, правилно развивање на свеста за обврските и одговорностите кои му престојат при поаѓање во училиште.

За погоре споменатата Програма, стручниот тим на градинката има направено  избор на содржини, активности и сл. кои особено соодветствуваат на оваа група на деца – ДЕЦА КОИ ДОСЕГА НЕ ПОСЕТУВАЛЕ НИТУ ЕДНА ВОСПИТНО - ОБРАЗОВНА ИНСТИТУЦИЈА, А ДОБРАТА ПОДГОТОВКА ЗА ПОАЃАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ ИМ Е НЕОПХОДНА.