Приватната установа за деца -детска градинка LITTLE ME INTERNATIONAL PRICHOOL Скопје работи според Програмата за рано учење и развој базирани врз Стандардите за рано учење и развој ставајќи го главниот фокус на значењето на раното детство за интелектуалниот, емоционалниот и социјалниот развој на секое дете, задоволувајќи ги неговите потреби, интереси и индивидуални можности.
Холистичкиот пристап, на кој се базира развојот и учењето на детето од предучилишна возраст, се однесува на обезбедување на безбедна и сигурна околина за учење и развој, зајакнување на развојната подготвеност за училиште, како и формирање на правилни навики за заштита на здравјето на детето.
ПРОГРАМА ЗА РАБОТА СО ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ОД 9 МЕСЕЦИ ДО 2 ГОДИНИ
Оваа програма е наменета за возрасна група на деца од 9 месечна до 2 годишна возраст и истата во континуирана работа со децата ја реализираат две лица – негователи со соодветно образование и стекната лиценца за вршење на деноста.
Воспитно-образовната програма коа се реализира со децата ги опфаќа сите астекти од детската личност со посебен акцент на развивање на способности, навики, постапки и однесувања карактеристични за оваа возрасна граница.
Начинот, содржините, посветеноста во изборот на методите и формите преку кои континуирано се постигнуваат позитивни резултати во работата со децата под континуирано менторство од долгогодишен и искусен педагог е вистински предизвик за тимот на негователи кои се одговорни за не повеќе од 5-7 деца поодделно.