Развој на детската личност - 2
18/10/2019 - 12:36
Кај децата од најрана возраст многу значајно е да се работи на ситната моториката, сензомоторниот развој, да се поттикнува истрајноста, упорноста и интересот кон креативната и творечката работа.
Кога за сето тоа ќе се вткаат природните материјали, боите, разни видови вештачки материјали кои будат и предизвикуваат бескрајно многу дразби на нивните мали прстиња, тогаш се постигнува вистинската цел.
Правилниот и навремен развој на сите дечиња е многу важен. На него се надоврзуваат и останатите аспекти од развојот на детската личност.
#дететопредсè