Јави се сега +38971311 601  Емаил info@littleme.mk   Сподели на Фејсбук Инстаграм         

Новости

  • Игрите за деца треба да се трудиме да ги поттикнуваат на развој сите аспекти кои ја сочинуваат детската личност.
    Игри - полигон вежби, создаваат услови децата:
    - да се поттикнуваат на движење
    - да се ориентираат во просторот
    - да се упорни и истрајни
    - да ги разбираат налозите кои им ги упатуваат учителките и истите да ги спроведуваат
    - да им се поттикне ведар дух и расположение
    - да им се развива моториката на рацете, нозете, движењето, рамнотежата
    Убаво е чувството кога се чувствува дека децата се среќни и задоволни
  • Роден, роденден,
    денес ми е роденден,
    торта сега правам,
    сите Вас Ве канам..
    Никола, Никола
    насекаде се слуша,
    секое детенце на оваа негова журка,
    посакуваат од срце да го гушнат
    Среќен втор роденден
    сииите од срце извикуваат,
    како и секогаш со него
    најмногу сакаат да другаруваат
    СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МИЛО НАШЕ ДЕТЕ НИКОЛА
    #дететопредсè
  • Детска игра, детска смеа...
    Децата најдобро учат преку игра, а играта може да биде се: читање, боење, цртање, пеење, игра со конструктивен материјал, игра со природен материјал..
    Полека ја привршуваме темата за зимата и подготвуваме изненадување со нови, ведри, убави, разиграни и пред се едукативни содржини.
    #дететопредсè
  • Ха-ха-ха,
    Хи-хи-хи,
    сите се радуваме,
    насмевки си подаруваме
    Денес Матеа роденден славеше,
    со другарчињата свои весело подскокнуваше и со нив се
    радуваше
    Еден- два, еден-два
    изброија сите на глас
    роденска песна и' испеаа
    и од душа,се веселеа.
    За секого имаше
    парче торта вкусна, лесна
    сиииите и' посакуваме
    живот лесен ко песна!!
    СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МИЛА НАША МАТЕА!!!
    #дететопредсè
  • Континуираната обука на вработените со обуки од интерен и екстерен карактер е практика која создава кадар кој има можност да биде во тек со новините, искуствата и практиките во светот на предучилишното, но и можност за утврдување, потсетување и совладување нови техники, содржини и знаења кои се практикуваат секојдневно.
    Денес се едуцираме на тема "ПРОЦЕНКА НА ДЕТСКИОТ РАЗВОЈ-ТЕХНИКИ, МОДЕЛИ , ЕФЕКТИ И ПОЗИТИВНИ ПРАКТИКИ" во континуитет спроведувајќи ја соработката со Проф. д-р Татјана Котева - Мојсовска.
  • Интересна е секоја игра за децата.
    Низ играта децата: говорат и говорот го огормуваат, мислат,споделуваат емоции, играчки, се прифаќаат едно со друго, се поддржуваат или си помагаат...
    Да ги учиме нашите деца на сите убави, полезни и паметни работи!!!
    Играта и дружењето во социјална средина, особено кога децата се во градинка е вистинското место за нив
    #дететопредсè
  • Штом зима уште стега
    и секој од нас од студ бега,
    штом пиле страмежливо пее,
    а сепак првото кокиче
    од под земјата ни' се смее,
    пред две зими студени,
    највесела вест се обзнани
    Се родила малата ЗОИ
    и таа успеа зимата да ја обои во најразлични бои:
    - бела, боја на чистина
    - жолта, боја на детска добрина
    - сината, боја ко море на искреност
    - црвена , боја на детска радост
    - зелена , боја на свежина и здравје
    - розева , боја на љубов и другарство
    Таа е токму таа,
  • Се радуваме и го одбележуваме секој радосен момент во градинката со дечињата.
    Се радуваме и прославуваме кога децата раснат, прозборуваат, проодуваат...
    Денес ајде сите да се радуваме за Марек и Јон:
    - за нивните први сигурни чекори
    - за насмевките кои со нас ги споделија
    - за нивната сигурност, самодоверба, среќа и радост
    СРЕЌНИ ПРВИ ЧЕКОРИ МИЛИ НАШИ МАРЕК и ЈОН
    #дететопредсè
  • Како да научиме за зимските спортови освен ако истото не го доживееме со своите очи.
    Децата, заедно со Вас ќе излезат од секојдневието доколку поминете умни минути со нив:

  • Кога посакуваме зимата да се случи,
    или пак зимски ветар да зафучи,
    кога снегот - снежовски никаде го нема,
    желбата за игра во секого од нас
    чуда прави, а учителката ни' создава вистинска игровна шема
    Најпрво Снешко ни' подари
    и потоа секој од нас со снежни топки го нахрани
    Потоа за да се загрееме и мускулите да ги навежбаме низ обрач со шарени ленти се протнувавме и така рамнотежа со клекни - стани навежбувавме
  • Денеска е убав ден, среќен ден, роденден,
    Иван има роденден, роденден, роденден.
    Среќни и радосни да ти минат сите дни!!!
    Силно свеќи дуваш ти,
    песни пееш на сет глас,
    Роденден, роденден,
    денес ти е роденден!!
    СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МИЛО ДЕТЕ ИВАН
    #дететопредсè
  • Деца мали,
    раце вредни,
    Снешко - другарот наш го создадоа,
    витко тело од тесто му направија
    Има нос од морков,
    метла , а и шал,
    тенџере на глава,
    како нас е мал
    Другарчиња, другарчиња
    Снешко е тој,
    има тој пријатели,
    не се знае број!!
    #дететопредсè

Страници